Манчестер јунајтед забележа важна победа во борбата за четвртото место. „Црвените ѓаволи“ славеа во Бортнмут и на најдобра начин го искористија киксот на Ливерпул. „зцрвените“ на домашен терен одиграа 1:1 против Астон Вила. Евертон, кај Вулверхемптон, можеби го освои клучниот бод во борбата за опстанок во Премиер лигата.
Манчестер јунајтед успеа да слави кај Борнмут. Голот со кој тимот на Тен Хаг ги освои бодовите го постигна Касемиро во деветтата минута.
За разлика од Јунајтед, Ливерпул киксираше. Астон Вола со храра игра и подобра настап во првиот дел освои бод на „Енфилд“. Воткинс не искористипенал во 22.минута, а пет миниути подоцна Рамси и донесе предност на Астон Вила.
Бод за Ливерпул спаси Фирмино во 90.минута. Бразилецот постигна гол, негов 110. во Премиер лигата, во својот последен настап во дреот на Ливерпул пред домашната публика.
Драматично беше и во Вулверхемптон, каде Евертон со голот на Јери Мина во 100.минута, го освои можеби и клучниот бод за опстанок. Во последото коло Евертон ќе го пречека Борнмут.
Фулам и Кристал Палас во малото градско дерби одиграа 2:2. Двата гола за Фулам ги постигна Александар Митровиќ. Српскиот репрезентативец беше во центарот на вниманието бидејќи најголемиот дел од натпреварот го одигра без број на дресот.
Митровиќ се повреди во еден дуел со Андерсон во 26.минута. Бидејќи имаше крв на неговиот дрес, мораше да го смени. Во Флам немаа дрес со неговото презиме и неговиот број и до крајот играше со „бланко дрес“.
Mitrovic playing without shirt number 😂#FULCRY pic.twitter.com/0r3sPuT0Er
— 🇷🇸☦️ (@AAlabaji) May 20, 2023