Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа дебакл во Кардиф против Велс (7:1), во натпревар од последното коло во Ј групата, во квалификациите за пласман на Светското првенство. Од оваа група директен пласман на Мундијалот избори Белгија, Велс го освои второто место и ќе игра плејоф за пласман на СП. Во баражот, но преку Лигата на нации ќе оди и Македонија.
Се до вечерва две години Македонија немаше пораз во официјален натпревар (Лига на нации и квалификации се СП). Крај на успешната низа дојде на „Милениум“ стадионот во Кардиф.
Македонија одигра лош меч, одбаната беше катастрофално лоша, а со исклучок на голманот Димитиревски, не се прославија ниту останатите фудбалери. Поразот оди и на душа на селекторот Благоја Милевски, кој целосно ја промаши тактиката.

Со исклуок на голот на Миовски во 23-та минута и мини притисокот во последните три минути од првиот дел, кога Македонија изведе три корнери, а Барди имаше опасен шут од слободен удар, Македонија беше невидлива на теренот.
Во победата на Велс блескаше фудбалерот на Фулам, Хари Вилсон со хет-трик, а по еден гол Брукс, Џонсон, Даниел Џејмс и Бродхед.
Инаку поразот во Кардиф е втор најтежок во историјата на националниот тим, по онок од Англија на „Олд Трафорд“ (7:0).
