Фиорентина ја совлада Аталанта со 1-0 во 30. коло во Серија А со голот на Мојс Кен.
Решавачкиот момент се случи во 45. минута, кога Кен го постигна 16. гол во сезоната.
Освен што е негов најдобар голгетерски учинок во една сезона од почетокот на кариерата, тоа е и најдобриот учинок на играч на Фиорентина од сезоната 2013-2014.
Фиорентина моментално е осма на табелата и продолжува да се бори за место во европските натпреварувања.
Аталанта е на третата позиција, а интересно е што ова им е прв пораз на гости по третото коло и мечот против Интер во август. Веројатно со овој пораз Аталанта испадна од трката за шампионската титула.