Аргентина го задржа максималниот учинок во квалификациите за пласман на СП. За разлика од Агентинците, Бразил прв пат не победи во актуелниот квалификациски циклус.
Актурлните светски шампиони го победија Парагвај со 1:0. Единствениот гол го постигна Николас Отаменди во третата минута. Меси започна како резерва, влезе во игра во 55.минута. Во финишот немаше среќа да постигне гол.
Бразил непланирано киксираше. Против Венецуела, Бразилците одиграа 1:1. Габриел погоди за предност на Бразил во 50.минута, Венецуела израмни преку Бела пет минути пред крајот на натпреварот.
Чоле го победи Перу со 2:0, а со ист резултат Еквадор победи во Лаз Паз кај Боливија.