Членот на Лига 2 (четврти ранг на англискиот фудбал) Гримзби го елиминира Манчестер јунајтед во второто коло, во Лига купот. Гримзби, клуб основан пред 147 години, победи на пенали со 12:11. Натпреварот во регуларното време заврши 2:2 (2:0).
Дека на „Бландел Парк“ може да се случи една од најголемите сензации во историјата на англискиот фудбал, можеше да се насети во првото полувреме, кое Јунајтед од апсолутниот аутсајдер го загуби со 2:0.
Првиот гол го постигна Вернам во 22-та минута, а Ворен го дуплираше водството на Гримзби по половина час игра.
Манчестер јунајтед се врати во живот во последните 15 минути, со головите на Брајан Ембумо во 75-та и Хари Магваер во 89-та минута.
Бидејќи немаше победник во 90 минути се шутираа пенали. Таму се случуваше вистинска драма, се шутираа 13 серии, а трагичари беа играчите за кои Јунајтед летово издвои речиси 150 милиони евра.
Матеус Куња не успе да ја заврши работата во петтата серија кога резултатот беше 4:4, а Ембумо ја погоди гредата во 13 серија.
Фото/ Принтскрин