Top Sport

Видео кое покажува зошто Марсело Биелса е „Ел локо“

Менаџерот на Лидс јунајтед, Марсело Биелса е еден од  најценетите тренери во модерниот фудбал, поради својот стил на игра, напаѓачкиот фудбал, но и поради неверојатната посветеност да го извлече максимумот од своите играчи.

Аргентинецот не за џабе има прекар „Ел локо“ (лудиот), како што покажува неверојатната снимка од тренинг сесија додека беше тренер на Атлетик Билбао.

Иако се работи само за тренинг, Биелса го губи умот и со пцости кон играчите ги тера да одат до максимум во неверојатно интензивен тренинг.

Еден од методите на тренинг на Биелса се нарекува „убиство на топка“ – нема судија и топката мора постојано да е во игра во меч помеѓу фудбалерите.

„100 отсто хаотично. Четири или пет минути се игра, а тренерите стојат покрај аут линијата и веднаш ја враќаат топката. Нема бегање. Кога ќе дојдат мечевите е полесно отколку на тренинг“, признава капитенот на Лидс, Лајам Купер.

Scroll to Top