Фудбалерите на Атлетико Мадрид го победија Тотенхем со 5:2 (4:1) во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Овој натпревар, без сомнение, беше историски поради неверојатните грешки на голамнот на Тотенхем, Кински и четирите голови што ги постигна Атлетико во првите 22 минути.
22-годишниот Кински, со одлука на тренерот Тудор, беше стартер и дебитант во Лигата на шампионите, но направи две ужасни грешки и беше заменет во 17-та минута. Во солзи го напушти теренот и веднаш замина во соблекувалната.
Во 5-та минута, тој ја подари топката пред својот гол, по што Маркос Љоренте му донесе предност на Атлетико.
Потоа, во 14-тата минута, Ван де Вен се лизна, а Антоан Гризман го искористи тоа за да зголеми на 2:0, а една минута подцна Кински ја ја промаши целата топка и да му дозволи на Хулијан Алварез да влезе со неа во голот.
Тоа не беше крајот на зоната на самракот на Тотенхем, 4:0 беше во 22-та минута кога Робин Ле Норман постигна гол.
Некаква надеж донесе Педро Поро со гол за 4:1, а Кристијан Ромеро можеше да ја преполови разликата ако ја погодеше мрежата наместо стативата.
Облак беше тој што одигра голема улога во второто полувреме, и на добар и на лош начин.
Прво, во 55-та минута, му одбрани зицер на Ришарлисон, следеше перфектна асистенција на Гризман за Алварез, кој претрша 50 метри и го постигна петтиот гол.
Сепак, Облак направи голема грешка во 76-та минута, како и неговиот колега од другата страна Кински, му ја подари топката на Педро Поро, кој му асистираше на Доминик Соланке за конечни 5:2.
Тој момент повторно им даде надеж на Англичаните дека можат да направат сензационален пресврт дома за осум дена. Единственото прашање е во каква ментална состојба се по сè што се случи вечерва на „Метрополитано“.
Foto/ EPA
