Антонио Конте имаше кошмарно деби во Серија А на клупата на Наполи. На „Бентегоди“ во Верона, домаќиниот го прегази Наполи со 3:0. Ова е најубедливиот пораз на Наполи во дуелите со Верона.
Првото полувреме заврши без голови, а студен туш за Наполи следеше во 50. минута кога по одличната асистенција на Дарко Лазовиќ, Роча Ливраменто ја погоди мрежата на Мерет. Наполи можеше да израмни, но по одличната акција на Замбо-Ангиса ја погоди гредата.
Уште поголеми проблеми на Конте во 75. минута му направи Москер, кој само една минута по влегувањето во игра се запиша во листата на стрелците. Истиот играч во 94.минута го постави конечниот резултат.
По овој резултат јасно е дека на Наполи му требаат засилувања.
Во вториот натпревар од 18:30 часот на стадионот Ренато Дал Ара, Болоња и Удинезе ги поделија бодовите 1:1.
И на овој натпревар головите беа постигнати во вториот дел од натпреварот. Најпрво Рикардо Орсолини од белата точка го доведе својот тим во водство, а Удинезе по промашениот пенал на Флоријан Тован успеа да израмни преку Џанети.