Top Sport

(Видео) Кристал Палас го победи Сити, го освои првиот трофеј во клупската историја

Момент за историја на „Вембли“, играчите на Кристал Палас го освоија првиот трофеј во 120.годишната историја на клубот. Кристал Палас го пибеди Манчестер сити со 1:0 и го освои трофејот во ФА купот.

Трета среќа за Палас, во третиот обид славеа во најстарото куп натпреварување во светот. Претходно не успеаја во 1990 и 2016 година.

Сити остана без ниту еден трофеј оваа сезона, без Премиер лигата, Лига купот, Лигата на шампионите и ФА купот.

Херои на Палас се стрелецот на единствениот гол во 16.минута Ечереки Езе и голманот Дин Хендерсон. Хендесон одбрани пенал, во првиот дел ги запре ударите на Халанд и Доку, а во 82.минута го одбрани и ударот на младиот Аргентинец, Ечевери.

Нивните имиња ќе бидат запишани со златни букви во клупската историја.

Трагичар е Омар Мармуш, Хендерсон му одбрани пенал во 37.минута.

Scroll to Top