Top Sport

(Видео) Кризата се продлабочува, Баерн загуби во Бохум

Фудбалерите на Бохум стигнаа до најголемиот триумф во актуелната сезона и ја продлабочија кризата на Баерн Минхен. Бокум во дуелот со најтрофејниот германски клуб оставри победа 3:2

Баерн Минхен по 22.коло во Бундес лигата има осум поени помалку од лидерот Баер Леверкузен, од кого доживеа пораз во минатото коло. Во последните осум дена Баерн доживеа три порази. Покрај поразите од Леверкузен и Бохум загубија и во Лигата на шампионите од Лацио.

Баерн добро го отвори натпреварот дојде до предност со голот на Мусијала во 14.минута и тука застана.

До крајот на првиот дел, во 38. и 44.минута со головите на Асано и Шлотербек Бохум направи целосен пресврт. Надежите на Баерн за пресврт му ги урна Упамекано, кој во 78.минута направи пенал и доби црвен картон. Истото францускиот дефанзивец го направи и против Лацио.

Штрегер го реализираше пеналот и му донесе на Бохум недостижна предност. До крајот на мечот Кејн во 87.минута успеа само да го намали резултатот.

Бохум со оваа победа скокна на 11. место на табелата.

Scroll to Top