Top Sport

(Видео) Куцка исклучен поради гризење противник во квалификациите за ЛП

Во првиот натпревар од првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, Слован Братислава и Хесперанж од Луксембург одиграа 1:1.

Натпреварот го одбележаа бројни инциденти, фаули, конфликти, а на крајот и жолти картони и едно исклучување. Словачката легенда Јурај Куцка (36) доби црвен картон.

Во судиското надополнување на првото полувреме, Куцка падна на на тревата во дуел со противнички играч, а додека се обидуваа да станат, тој го гризна.

Судијата на почетокот не го виде тоа, но откако го прегледа видеото од ВАР, му даде директен црвен картон.

Победникот од овој двомеч, во второто прелиминарно коло ќе игра против победникот од двомечот меѓу Урарту и Зрињски. Првиот меч во Ерменија заврши со победа на Зрињски (1:0).

Scroll to Top