Top Sport

Јувентус ќе му ги удри клоците на легендарниот капитен

Јувентус повеќе не смета на својот капитен Леонардо Бонучи (36). Искусниот стопер минатата сезона се мачеше со повредите, па одигра 26 натпревари, односно 1.517 минути.

Новинарите кои го следат Јувентус тврдат дека Бонучи нема да патува на турнејата на клубот низ САД и дека повеќе не е во плановите на тренерот Масимилијано Алегри.

Неговиот договор со Јувентус истекува следното лето, а моментално е капитен на Италија со која го освои Европското првенство во 2021 година.

Бонучи во Јувентус пристигна во летото 2010 година од Бари за 15,5 милиони евра. Брзо стана еден од најдобрите дефанзивни играчи во Европа, а во сезоната 2017/2018. играше за Милан кој му плати 42 милиони евра. Следната сезона за 35 милиони евра се врати во торинскиот клуб со кој во кариерата освои осум титули во италијанскиот шампионат.

Scroll to Top