Top Sport

(Видео) Ламенс ја честеше Шпанија полуфинале на СП

Шпанија ќе и се спротивстави на Франција во првото полуфинале на Светското првенство во фудбал. Вечерва во Лос Анџелес, Шпанија ја совлада Белгија со 2:1. Повторно херој на Шпанците беше Микел Мерино, голот за победа го постигна две минути по влегувањето во игра, во 88-та минута, кога ја искористи катастрофалната рекација на голманот Ламенс.

„Црвената фурија“ ја оправда својата фаворитската улога потешко од прогнозите, бидејќи во Белгија имаше достоен партнер.

Шпанија беше надмоќна во првите 20 минути, а по голот што го постигна Фабијан Руиз во 30-та минута, Белгијците малку ја отворија играта. Првиот вистински напад го завршија со гол. Де Кетеларе брилијантно реагираше на центаршутот на Кастањ во 41-тса минута. Ова беше првиот гол што го прими Шанија на теквниот Мундијал.

Шпанците ја котролираа топката и во втриот дел, имаа шансни, но и Блегијците се заканија сериозно во неколку наврати.

Блегија во 80-та минута остана без голманот Тибо Куртоа, кој се повреди, на негово место влезе чуварот на мрежата на Манчестер Јунајтед, Ламенс.

Тој ужасно реагираше во 88-та на ударот на Кубарси, само ја одби топката на која налета џокрето на Луис де ла Фуенте Микел Мерино, кој стана херој на Шпанија во вториот натпревар по ред.

Полуфиналето помеѓу Франција и Шпанија, ќе се игра во вторник во 21:00 часот во Далас.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');