Top Sport

(Видео) Легендата на Севилја Хесус Навас замина во пензија

Хасус Навас (39), легенда на Севилја и шпанскиот фудбал, стави крај на спектакуларната кариера. Настапот на десниот бек во поразот од Реал Мадрид (4:2) во 18. коло од Ла Лига беше негов 704-ти и последен за неговиот матичен клуб. Навас во Севиља помина вкупно 19 години во два мандати.

Навас во Севилја играше од 2001 до 2013 година, кога замина во Манчестер сити за 20 милиони евра, а по враќањето од Англија во 2017 до вчера го носеше дресот на клубот од „Рамон Санчез Писхуан“ стадионот.

Навас во пензија замина како фудбалер со најмногу освоени трофеи во клупската историја. Го освои Купот на УЕФА/Лигата на Европа четири пати и Купот на кралот двапати. Во кариерата постигна 39 голови и забележа 119 асистенции.

За Шпанија одигра 56 натпревари, постигна 5 гола и 11 асистенции. Со репрезентацијата ги освои СП 2010 и ЕП 2012 и 2024.

Фудбалерите на Реал Мадрид пред натпреварот направија шпалир на теренот на „Сантијаго Бернабеу“ во чест на великанот и му аплаудираа кога минуваше низ него. Доби аплаузи од навивачите.

Потоа Лука Модриќ му подари дрес на Реал потпишан од сите играчи. По натпреварот, Модриќ на социјалните мрежи му оддаде почит на својот врсник против кого толку пати играше за Реал и Хрватска.

„Честитки за спектакуларната кариера. Твојата Севилја и шпанскиот фудбал никогаш нема да заборават се што направи. Ги заслужи симпатиите на целиот фудбалски свет. Ти посакувам се најдобро во ова ново поглавје од твојот живот.”

Scroll to Top