Top Sport

(Видео) Лесни гостински победи за Брентфорд и Барнли

Фудбалерите на Брентфорд и Барнли, како гости забележаа победи над Лутон и Шефилд Јунајтед, во првите натпревари од 34.коло во Премиер лигата.

Брентфорд и без својот најдобар напаѓач Ајван Тони успеа да постигне дури пет гола против очајниот Лутон, кој уште еднаш покажа дека не припаѓа во елитата.

Се беше готово по првото полувреме во кое Виса постигна два гола. Првиот во 24. минута по асистенција на Ембуемо, а потоа и во судиското надополнување беше прецизен за 0:2.

Со два брзи гола во 62. минута на Пинок, а потоа и преку Луис-Потер во 64. минута, Бретнфорд ги реши сите дилеми околу победникот.

Во 86. минута резервистот Шаде погоди за огромни 0:5, а поразот на Лутон со почесен гол го ублажи Бери во третата минута од судиското надополнување.

Во Шефилд убедлив беше и Барнли, победи со 1:4.

Барнли практично го реши победникот со два гола во првото полувреме, Ларсен погоди во 38, а Асињон во 38 за 0:2. Хамер накратко ги врати домашните во 52. минута, но шест минути подцна Фостер во 58. погоди за 1:3.

Гудмудсон во 71. минута ги постави конечните 1:4.

По денешните резултати, Барнли е 19-ти со 23 бодови, Лутон е 18-ти со 25, Форест има 26, а Евертон 27, што значи дека до крајот ќе се води жестока борба за опстанок.

Scroll to Top