Очекувано, Ливерпул, Баерн Минхен и Атлетико Мадрид ги комплетираа четвртфиналистите во Лигата на шампионите. Ливерпул и Баерн забележаа победи во реваншите над Галатасарај, односно Аталанта, а Атлетико доживеа пораз во Лондон од Тотенхем.
Ливерпул убедливо го порази Галатасарај во реваншот со 4:0. Предноста на противникот од првиот меч, ја анулира Собослај во 25-та минута. Салах во последните секунди од првиот дел не реализира пенал.
Во вториот дел два гола за Ливерпул во интервал од 60 секунди, најпрвин погоди Екетике, а потоа и Гравенберх. Точка на мечот стави Салах во 62-та минута.
Баерн и со комбиниран тим уште еднаш ја совлада Аталанта. Двагола во победата од 4:1 постигна Кејн, а по гол постигнаа Карл и Луис Дијас.
Најинтересно беше во Лондон, каде Тотенхем го поебди Атлетико со 3:2. Игор Тудор ја забележа првата победа како тренер на Спарс. За Тотенхем ова беше прв триумф уште од крајот на јануари.
Двата тима имаа многу шанси, блескаше Мусо на голот на Атлетико, на спротивната страна се истакна Викарио. Првиот дел му припадна на Тотенхем, Коло Муани постигна гол за 1:1.
Хулијан Алварез изедначи во второто полувреме, но само три минути подцна Симонс им ја врати предноста на донаќините. По вториот гол, Тотенхем имаше две доби шанси да внесе дополнителна неизвесност, но нивните надежи дека можат да направат сензационален пресврт ги згасна Ханцко.
Во 90-та минута Хименез непотребно направи пенал, а Симонс го постави конечниот резултат.
Во четвртфиналето ќе играат: реал Мадрид-Баерн Минхен, ПСЖ-Ливерпул, Барселона-Атлетико Мадрид и Спортинг Лисабон-Арсенал.
