Top Sport

(Видео) Леверкузен до реми на „Алијанц арената“ со пенал во 94. минута!

Баерн Минхен не успеа да ја забележи и четвртата победа во четвртото коло во Бундеслигата, откако во петочното дерби на „Алијанц арената“, Баер Леверкузен успеа да стигне до заслужено 2:2 реми, осигурано во самиот финиш на мечот.

Големиот меч започна со нов гол на Хери Кејн по само седум минути игра, но тимот на Чаби Алонсо покажа заби кога во 24. минута од мечот новото засилување Алехандро Грималдо постигна апсолутно прекрасен и недостижен гол од слободен удар. По ова, Баерн се мачеше до крајот на полувремето, додека „фармацевтите“ беа доста опасни.

Меѓутоа, во 86. минута од мечот по една убава акција на Матијс Тел, Леон Горецка успеа да донесе водство за тимот на Томас Тухел, но во последните минути од мечот, беше досуден пенал за гостите, кој Езекиел Паласиос сигурно го реализираше за 2:2.

Standings provided by Sofascore
Scroll to Top