Top Sport

(Видео) Левиот бек на Логронес правеше чуда на голот, ја елиминира Џирона од Купот на Шпанија

Неколку големи изненадувања се случија во второто коло, во Купот на Шпанија. Откако во вторникот испадна Еспањол, истото им се случи ден подоцна на Виљареал и Џирона.

Џирона, во чии редови го немаше Бојан Миовски, по изведувањето пенали загуби од четвртолигашот Логронес (0:0, 4:3). Херој на сензационалната победа беше 19-годишниот лев бек Пол Арнау.

Тинејџерот, беше херој и во првата рунда, кога со неговиот гол Логронес го елиминира Еибар.

Против Џирона, тим кој игра во Лигата на шампионите, Арнау беше голман. Мораше да застане на голот откако голманот Кике Ројо се повреди. До крајот на мечот Арнау бранеше спектакуларно, не само што не прими гол во второто продолжение, туку успеа да му го одбрани пеналот на Абел Руиз.

Во исто време, шпанските медиуми ја потсетија јавноста дека таткото на Пол беше Франсеск Арнау, поранешниот голман на Барселона и Малага кој почина пред три години.

Scroll to Top