Олимпик Лион, осумкратниот шампион на Франција, буквално го допре дното. Во последниот натпревар од деветтото коло Лион загуби од Клермон со 2:1, во дуелот на двете последно пласирани екипи во Лига 1.
Клермон како гостин го победи Лион со 2:1. Клермон дојде до предност од два гола по првите 45 минути. Стрелец беше Чам во 10, а Магнин во 35 минута. Цело второ полувреме Лион напаѓаше, но успеа само да намали. Во 52. минута Ожие си постигна автогол, но Лион до крајот не успеа да дојде до бод.
Лион и по девет кола остана без победа, три пати одигра нерешено и шест пати загуби.