Фудбалерите на Ливерпул ремизираа со Манчестер Јунајтед 2-2 во дербито од 20. коло во Премиер лигата одиграно на „Енфилд“.
Головите ги постигнаа Лисандро Мартинез и Амад Диало за Јунајтед и Коди Гакпо и Мохамед Салах за Ливерпул.
Во првото полувреме екипите беа изедначени. По воведните десет минути, домаќините ја презедоа контролата и се заканија преку Коди Гакпо и Алексис Мек Алистер, кои пропуштија добри шанси.
Во преостанатиот дел од првото полувреме Јунајтед беше рамноправен ривал и имаше две шанси за гол. Првата ја промаши Амад Диало по центаршутот на Диого Далот, а потоа кон крајот на полувремето пред Алисон излезе Расмус Хојлунд, но шутираше директно во Бразилецот.
Првиот гол беше постигнат во 52.минута, кога Лисандро Мартинез погоди на асистенција на Бруно Фернандеш.
Неколку минути подоцна Гакпо погоди за 1:1 по одличен дриблинг по левата страна додека во 70. минута Мо Салах погоди од белата точка.
Амад Диало го постави конечниот резултат по додавањето од Гарначо. Во финишот Хари Мегваер промаши чиста шанса за победа на Јунајтед,
По овој натпревар, Ливерпул остана прв со шест бода предност и натпревар помалку во однос на второпласираниот Арсенал, додека Манчестер Јунајтед е на 13. место.