Top Sport

(Видео) Ливерпул не успеа да победи во Нотингем

Нотингем Форест и Ливерпул освоија по бод, откаково дерби мечот од 21. коло одиграа 1.1.

Серија од шест последовни победи „Шумарите“ ја прекинаа против лидерот на табелата, иако ремито е добар резултат за нив. Нотингем Форест со 41 бод се наоѓа на второто место на табелата, Ливерпул е лидер со 47 и натпревар помалку, Арсенал со натпревар помалку е трет со 40 бодови.

Нотингем Форест водеа од осмата минута, кога Крис Вуд го искористи додавањето на Ентони Еланга и го совлада Алисон.

Ливерпул не успеа да направи ништо во првиот дел, но во вториот избраниците на Арне Слот тргнаа во целосна офанзива. „Црвените“ изедначија во 66. минута. Константинос Цимикас нафрли, а Диого Жота со глава ја упати топката во мрежата на Мак Селсо.

Тимот на Арне Слот тргна на пресврт, имаше неколку шанси до крајот на мечот, но Селс блескаше на голот на „шумарите“.

Следниот меч на Ливерпул го игра против Брентфорд, додека Форест за противник ќе го има Саутемптон.

Премиер лига, 21 коло:

Брентфорд – Манчестер Сити 2:2 (0:0)
/Виса 82, Норгард 90+2 – Фоден 66, 78/

Челзи – Борнмут 2:2 (1:0)
/Палмер 13, Џејмс 90+5 – Клајверт 50п, Семењо 68/

Вест Хем – Фулам 3:2 (2:0)
/Солер 31, Соучек 33, Пакета 67 – Ивоби 51, 78/

Среда:

20.30 Евертон – А. Вила
20.30 Лестер – К.Палас
20:30 Њукасл – Вулверхемптон
21:00 Арсенал – Тотенхем

четврток:

20.30 Ипсвич – Брајтон
21.00 Манчестер Јунајтед – Саутемптон

Scroll to Top