Фудбалерите на Челзи и Ливерпул влегоа во натпреварите од 14-то коло од Премиер лигата како фаворити, а на крајот си заминаа дома со наведнати глави.
Ливерпул ремизираше 1:1 дома со најпријатното изненадување оваа сезона, Сандерленд.
Интересно е што ова е прво реми во Премиерлигата за „црвените“. Ливерпул не успеа да ги освои трите бодаа, на четири од последните пет натпревари.
Сандерленд така остана пред Ливерпул на табелата, на шестата позиција со бод повеќе.
По неинтересно прво полувреме и 0:0, првиот гол падна во 67-та минута кога Талби ги доведе гостите во водство.
На крајот Ливерпул успеа да избегне пораз. Во 81-та минута погоди Вирц, но Германецот не му се израдува на првиот гол во дресот на „црвените“, бидејќи набргу одлуката беше дека тоа е автогол на Мукиеле, но резултатот остана 1:1.
Челзи, изненадувачки, по брилијантните натпревари против Барселона и Арсенал, доживеа тежок пораз во Лидс. „Сините на „Еланд Роуд“ загубија со 3:1.
Ова беше прваа победа за Лидс по четири последователни порази во Премиер лигата и со неа се извлекоа од зоната за испаѓање, додека „сините“ го претрпеа првиот пораз по четири натпревари и останаа на четвртото место на табелата.
Веќе на полувремето беше јасно каде дека Лидс ќе слави победа. Со головите на Бијол и Танака, Лидс дојде до предност 2:0..
Гостите го намалија резултатот во 50-та минута, преку Педро Нето, но тоа беше се од нив. Калверт-Луин во 72-та минута стави точка на натпреварот.
Foto/ EPA
