Top Sport

(Видео) Ливерпул се спаси од пораз во Бирмингем, Нуњез промаши празен гол

Астон Вила и Ливерпул ремизираа 2:2 во натпревар од 29. коло на Премиер лигата. Овој натпревар се одигра предвреме поради обрските на Ливерпул во финалето на Лига купот кое ќе се одигра на 15.март.

Ливерпул влезе во мечот по турбулентниот крај на градското дерби против Евертон кога ја испушти победата во 98.минута и неубедливата партија во победата над Вулвехемптон во саботата.

Тимот на Арне Слот, во Бирмингем потврди дека не е форма во каква што беше пред еден месец.

Гостите подобро го отворија мечот, беа доминантни и поведоа преку Мохамед Салах, по големата грешка на Андрес Гарсија, но освен тоа не видовме многу од нив во првите 45 минути.

Астон Вила играше лошо и премногу резервирано се до 38.минута, кога по еден карамбол пред голот на Алисон Тилеманс постигна гол за 1:1. Во самиот финиш на првиот дел целосен шок за Ливерпул, Воткинс погоди за 2:1.

Во вториот дел видовме неколку добри шанси на двете страни и само еден гол. Голот на Александар-Арнолд на асистенција на Салах за 2:2 во 61. минута.

Вистински трагичар за Ливерпул е резервистот Дарвин Нуњез, промаши полн, празен гол, а имаше и уште неколку крајно лоши потези.

На крајот резултат кој му одговара на Арсенал кој ќе има можност да ја намали разликата во однос на водечкиот Ливерпул на пет бода.

Ливерпул останува прв со 61 бод, додека Вила е деветта со 39. Ливерпул во следното коло ќе патува кај Сити, додека Вила ќе му гостува на Челзи.

Scroll to Top