Top Sport

(ВИДЕО) Ливерпул сигурен, Рома убедлива во Лига Европа

Ливерпул беше сигурен и победи со 2:0 против Ројан Унион Сен Жил во Лигата на Европа. Гравенберх и Диого Жота беа стрелци на головите за тимот на Јирген Клоп.

Рома го декласира Сервет со 4:0 на „Олимпико“. Лукаку ја отвори серијата голови, Пелегрини исто така се запиша во листата на стрелците, а Белоти беше двоен стрелец.

Славија Прага беше уште поубедлива и го уништи Шериф со 6:0, а Баер Леверкузен славеше на гости против Молде со 1:2.

Вилјареал го победи Рен со 1:0, а минимален триумф остварија и Тулуз и Карабах.

Scroll to Top