Top Sport

(Видео) Ливерпул славеше на Брамал Лејн, Фулам го декласираше Нотингем

Фудбалерите на Ливерпул славеа како гости кај Шефилд Јунајтед со резултат 2:0, во натпреварот од 15. коло на Премиер лигата.

Првиот гол на натпреварот го постигна Вирџил ван Дајк во 37. минута по корнер Трент Александер-Арнолд.

Во продолжение немаше многу прилики, најдобите ги пропуштија Салах и Нуњез, а конечниот резултат го постави Доминик Собослај во четвртата минута од судиското надополнување во вториот дел од натпреварот.

Во истиот термин, Фулам на „Крејвен Котиџ“ го победи Нотингем Форест со 5:0.

Фулам во првото полувреме од 30. до 34. минута постигна два гола, а стрелци беа Ивоби и Хименез.

Мексиканецот го зголеми водството на домашните во 54. минута, вториот гол го постигна Ивоби во 74. минута, а точка на овој меч стави Керни во 86. минута.

Фулам славеше по петти пат во сезоната, моментално е 12-ти со 18 бодови, додека Нотингем се 16-ти со 16 бодови, исто толку колку и Кристал Палас.

Токму Палас претрпе пораз на домашен терен од Бормаут со резултат 2:0.

Мрежата на Џонстон ја погоди Сенези во 25. минута, односно Мур во првата минута од судиското надополнување во вториот дел.

На крајот Брајтон победи на домашен терен против Брентфорд по пресврт (2:1).

Мбумо ги доведе гостите во водство од пенал во 27. минута, пред паузата израмни Грос во 31. минута, а тинејџерот Хиншелвуд во 52. минута му донесе три бода на Брајтон.

Scroll to Top