Top Sport

(Видео) Ливерпул со двајца повеќе на теренот едвај го победи Тотенхем

Фудбалерите на Ливерпул победија како гости против Тотенхем со 2:1 во 17-то коло од Премиер лигата.

И покрај победата, ова беше уште еден кошмарен натпревар за „Црвените“, овој пат со среќен крај.

Нестварно е што се можат играчите на Ливерпул да им приредат на своите навивачи оваа сезона.

Во Лондон имаа сè во свои раце, играч повеќе на теренот од 33-та минута по глупоста и исклучувањето на Чави Симонс, водство од 2:0 со головите на Александар Исак и Уго Екитике во второто полувреме, речиси „затворен“ натпревар, кој сепак не успеаја да го затворат, туку се тресеа за победата до последната секунда, и покрај тоа што од 90-та минута имаа двајца играчи повеќе на теренот.

Голот на Ричарлисон во 83-та минута го однесе натпреварот во „немирни води“, ја крена агресивноста на домашните до крајни граници и во исто време на нула ја сведе самодовербата на Ливерпул.

Од тој момент, Спарс беа тимот кој беше храбар, кој напаѓаше, притискаше, имаше поголем посед на топката… Против противник кој имаше играч плус на теренот, но противник кој веќе потресен, нервозен и исплаше.

Играчите на Слото беа нервозни до самиот крај, дури и откако Тотенхем остана без Ромеро во судиското продолжение. Дури и со девет играчи, домашните напаѓаа подобро, беа поопасни…

Во петтата минута од судиското продолжение, Алисон беше во проблеми по обидот на Педро Поро, но Бразилецот успеа да ја задржи смиреноста и да ја скроти топката што го смени правецот по почетниот удар.

Натпреварот беше продолжен во 11-тата минута.

Ливерпул, на крајот, овој пат едвај „преживеа“.

Покрај неверојатните осцилации во играта, менаџерот на Арне Слот има уште една причина да биде загрижен. Исак се повреди во 58-та минута, кога го постигна првиот гол. Впечаток е дека најскапото засилување во историјата на клубот доживеа потешка повреда.

Foto/ depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');