Top Sport

(Видео) Ливерпул со играч помалку спаси бод против Фулам, Арсенал не успеа да го победи Евертон

Кикс на фаворитите во 15.коло во Премиер лигата. Ливерпул и Арсенал одиграа нерешено со Фулам, односно Евертон. Ипсвич во последните секунди победи во Вулверхемптон, а Њукасл го декласира Лестер.

Ливерпул, втора пат по ред не успеа да победи во Премиер лигата. откако во минатото коло одигра 3.3 во Њукасл, вечерва одигра 2.2 со Фулам на домашен терен. Ливерпул од 17.минута играше со фудбалер помалку. Робертсон доби црвен картон во моменти кога Фулам веќе имаше предност со голот на Андреас Переира.

Ливерпул изедначи во 47.минута со голот на Гакпо. Холанѓанецот во полувремето го замени Луис Дијаз. Ливерпул притискаше константно во вториот дел, а Фулам се закануваше од контранапади. Еден теков вроди со плод во 76.минута, кога Муниз го совлада Алисон.

Пораз на лидерот спречи повратникот во тимот Диого Жота во 86. минута.

Ливерпул на врвот има 36 поени, но утре доколку го победи Брентфорд Челси може да се доближи на минус од само два бода.

Киксираше и Арсенал на домашен терен против Евертон. Микел Артета мораше да му честита на Шон Дајч за начинот на кој неговиот тим се бранеше и успеа да се одбрани на стадионт од кој Евертон освои бод по пауза од четири години. Натпреварто заврши без голови 0:0.

Њукасл убедливо го порази Лестер со 4:0. Головите „страчките“ ги постигнаа во периодот од 30. до 60.минута. Серијата ја отвори Марфи, потоа погодија Бруно Гимараеш и Исак, а Марфи потоа стави точка на натпреварот.

Во пресметката на екипите кои се борат за опстанок, Ипсвич забележа голема победа во Вулверхемптон.Доерти со постигна авто гол во 15.минута, Матеус Куња изедначи во 72, а буквално во последните секунди Тејлор погоди за голема победа на Ипсвич.

Scroll to Top