Фудбалерките на Шведска по подобро изведување пенали (0:0, 5:4) ги елиминираа Соединетите Американски Држави во осминафиналето на Светското првенство.
Американките, двократни светски шампионки, имаа пенал за победа, но не успеаја да ги совладаат Скандинавките.
Шведска за полуфинале ќе се бори со селекцијата на Јапонија.
На мечот меѓу Шведска и Америка во Мелбурн по 120 минути игра немаше голови, па се изведуваа пенали.
Промашија легендата на САД и младата надеж на оваа репрезентација Меган Рапино и Софија Смит. Непрецизни беа Бјорн и Бломквист, чиј пенал беше одбранет. На крајот Лина Хуртиг го постигна голот за победа на Шведска. Нејзиниот удар Нар го одбрани, но ВАР потврди дека топката ја минала гол-линијата.
The most incredible end to a match, I've ever seen. Holders and favourites, #USA BEATEN by #Sweden by penalty shootout, sudden death stage, decided by VAR. Unbelievable!#WomensWorldCup #FIFAWomensWorldCup2023 #worldcup2023 #uswnt #swe pic.twitter.com/JYVwo6qlL1
— You deserve a holiday (@Holi_blog) August 6, 2023