Фулам и Манчестер Сити приредија вистинска голеада на „Крејвен Котиџ“, а конечниот резултат во Западен Лондон беше 4:5 (1:3).
„Граѓаните“ влегоа во овој натпревар како фаворити, што го покажаа во првото полувреме со головите на Ерлинг Халанд, Тижани Рејндерс и Фил Фоден во 17-та, 37-та и 44-та минута.
Емил Смит Рау го намали водството на гостите во втората минута од судиското продолжение во првото полувреме.
Во вториот дел Сити дојде до предност 5:1 благодарение на вториот гол на Фоден во 48-та минута и автоголот на Сандер Берге во 54-та минута.
Сепак, друг поранешен играч на Арсенал, Алекс Ивоби, му даде поттик на Фулам со гол во 57-та минута, а домашните се заканија со пресврт преку Самуел Чукувезе, кој постигна гол во 72-та, а потоа и во 78-та минута.
Foto/ EPA
