Барселона и Атлетико Мадрид го одиграа мечот на сезоната во Шпанија. Во првиот полуфинален меч во Купот на Кралот, резултатот беше 4:4.
На „Монжуик“, Атлетико водеше 0:2, Барселона направи пресврт до крајот на првиот дел, а потоа поведе и со 4:2, а „јорганџиите“ во последните 10 минути постигнаа два гола. И повторно Барселона во судиското надополнување ја шокираше Александер Серлот.
Атлетико го отвори мечот со два гола во првите шест минути. Хулијан Алварез погоди во 47. секунда, а во шестата минута Гризман ја зголеми предноста.
Следуваше блиц-криг на Барселона, во 20. и 21.минута изедначија Педи и Кубарси. Младиот штопер во 62.меч за Барселона го постигна првиот гол во сениорскиот фудбал. До крајот на полувремето Мартинез го комплетираше пресвртот.
Барселона во првиот дел имаше две шанси, преку Феран Торес. Шпанскиот репрезентативец два пати беше сам пред голманот Мусо и не успеа да постигне гол.
Во вториот дел речисии да немаше возбудувања. Барселона го контролираше поседот, но без вистинска закана кон голот на противникот. А потоа нов спектакл во последните 15 минути.
Јамал ја измеша одбраната на Атлетико во 74.минута и му асистираше на Левандовски за 4:2.
Од тој момент гостите почнаа да играат. Во 84.минута Љоренте од 16 метри со мала помош на Гави го намали резултатот, а во 94.минута, Барселона си дозволи контра, Лино за Серлот за конечни 4:4.
Норвешанецот на 21.декември минатата година, во првенството го постигна голот за победа на Атлетико во 96.минута.
Реваншпт на „Метрополитано“ во Мадрид ќе се одигра на 2.април.