Top Sport

(Видео) Лудница во Хамбург – Албанија во 95.минута ја шокира Хрватска

Хрватска и Албанија одиграа без победник 2:2 (0:1) во првиот натпревар од второто коло на Европското првенство. Драмата во Хамбург епилог доби во 95.минута кога Ѓасула постигна гол за 2:2.

Албанија првиот дел го заврши со предност, со голот на Лачи во 11.минута. Хрватската одбрана лошо реагираше, а впечаток е дека и Ливаковиќ можеше подобро да реагира. До крајот на полувремето Албанците имаа уште две добри шанси да о зголемат водството, не не ги реализираа.

Во вториот дел Хрватска ја контролираше играта, константно притискаше и успеа во 120 секунди да ги шокира Албанците. Крамариќ изедначи во 74., а Ѓасула во 76.минута постигна авто-гол.

Албанците и покрај начинот на кој што ја загубија предноста не се предаваа, влегувањето на Хоџа и Доку го смени случувањата на теренот.

Токму по акцијата на Хоџа, инаку фудбалер на Динамо Загреб, Ѓасула во 95.минута го постави конечниот резултат.

Во последното коло двете репрезентации ќе влезат со по еден бод. Во последната рунда Хрватска ќе игра против Италија, а Албанија против Шпанија.

Scroll to Top