Top Sport

(Видео) Лудница во Трабзон – Салах претставен пред 41.000 навивачи

Фотографиите и видео записите од промоцијата на Мохамед Салах во Трабзонспор го обиколија светот. Турскиот клуб и навивачите му приредија спектакуларен пречек на стадионот „Папара Парк“.

Салах потпиша двегодишен договор со Трабзонспор, според кој ќе заработува 17 милиони евра по сезона.

Покрај фиксната плата, договорот вклучува и бонуси поврзани со перформансите, како и 20 проценти од приходите од продажбата на клупските производи што го носат неговото име.

Презентацијата се одржа пред околу 41.000 навивачи, кои ги исполнија трибините на „Папара Парк“ и создадоа незаборавна атмосфера. Факели, многу приротехника и громогласно навивање го означија доаѓањето на еден од најголемите фудбалери на денешницата.

Салах излезе на теренот во бордо-син дрес со број 10, ги поздрави навивачите, а пораки за добредојде на турски и англиски јазик се менуваа од LED екраните низ целиот стадион.

Египетскиот репрезентативец се заблагодари за пречекот и рече дека пристигнал во Трабзон со јасна цел – да освојува трофеи.

Доаѓањето на Салах претставува еден од најголемите трансфери во историјата на турската Суперлига и ги потврдува високите амбиции на Трабзонспор во наредните сезони.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');