Top Sport

(Видео) Луис Дијаз му пресуди на Бразил, неговиот татко славеше на трибините

Фудбалската репрезентација на Бразил, во петтото квалификациско коло за пласман на Светското првенство го доживеа вториот пораз.

Колумбија го победи Бразил со 2:1 и го остави на седум бода по воведните пет кола.

Бразил одлично го отвори натпреварот и поведе со голот на Габриел Мартинели во четвртата минута.

Пресвртот го направи Луис Дијаз. Напаѓачот на Ливерпул погоди во 75. и 79. минута Луис Дијаз.

Настапот на Дијаз од трибините го следеше неговиот татко кој изминативе недели доживуваше вистинска драма. Тој беше киднапиран и помина речиси две недели во заробеништво. За среќа, киднаперите го ослободија. Дијаз постариот од трибините знаеше како да ги прослави головите на својот син.

Scroll to Top