Top Sport

(Видео) Луис Суарез со хет-трик го крена Гремио на првото место

Луис Суарез (36) во Гремио ја доживува втората младост. Легендарниот Уругваец со хет-трик го лансираше тимот на челната позиција во бразилската Серија А. Гремио направи неверојатен пресврт кај Ботафого и славеше со 4:3.

Се започна добро за домаќините, кои поведоа во шестата минута со голот на поранешниот играч на Атлетико Мадрид, Диего Коста, а четири минути подоцна Галдино го израмни резултатот.

После тоа, Ботафого дојде до предност од два гола благодарение на головите на Жуниор Сантос и Марлон Фреитас, а потоа на сцена стапи Луис Суарез.

Уругваецот во интервал од 19 минути постигна три гола и му ја донесе победата на својот тим. Головите ги постигна во 50., 54. и 69 минута.

Со овој триумф Гремио се израмни на челната позиција на табелата со Палмеирас и Ботафого. Трите тима имаат по 59 бода. До крајот на Серија А таму остануваат уште шест кола.

Scroll to Top