Рома лесно го победи Калјари на гости со 1:4 и стигна до втор триумф во низа во Серија А. Полесно му е на Мурињо кога Ромелу Лукаку е на вистинското ниво.
Серијата голови ја отвори Хусем Ауар, Лукаку беше двоен стрелец, а погоди и Андреа Белоти.
Единствениот гол за Калјари беше дело на Нандез од пенал во завршницата од мечот.