Фудбалерите на Интер Мајами го совладаа Спортинг Канзас Сити со 1:0 со голот на Лионел Меси.
Аргентинецот по којзнае кој пат покажа класа, неговиот гол во 56. минута беше дефиниција за мајсторство и генијалност на фудбалски генијалец.
This angle of Lionel Messi's goal on his weaker foot. 🇦🇷😍 pic.twitter.com/Af4nlDWtKV
— Stop That Messi (@stopthatmessiii) February 20, 2025
Бравурата на Меси беше доволна за гостите да победат на првиот натпревар од Купот на шампионите КОНКАКАФ, елитното натпреварување на северноамериканскиот континент, на -25 степени Целзиусови.
Овој натпревар требаше да се одигра ден претходно, но поради ниската температура беше одложен за 24 часа.
Временските услови, сепак, не се подобрија значително, но делегатот и судијата решија да го одиграат натпреварот.
Реваншот во многу попријатниот Мајами е закажан за 26 февруари.
Во меѓувреме, Мајами во МЛС ќе одигра натпревар против Њујорк Сити.