Top Sport

(Видео) Мајсторијата на Гаштаров спречи пораз на Црвена звезда во Гент

Фудбалерите на Црвена Звезда одиграа 1:1 на гостински терен против Гент, во натпреварот од четвртото коло на Конференциската лига.

Гент водеше од 26-та минута со голот на Тијаго Араухо. По корнерот, одбраната ја исфрли топката, а Португалецот фати волеј, голманот Матеус беше покриен и таа заврши во мрежата.

Изедначи Матеј Гаштаров во 85-та минута. Македонскиот репрезентативец, нанижа тројца противници, а потоа испрати прецизен удар од 15 метри во спротивниот агол.

Црвено-белите доминираа, беа поконкретни (посед 71-29 отсто), со повеќе шутеви (25-10), изведоа 10 корнери, но на крајот едвај успеаја да израмнат.

„Мислам дека игравме навистина добро, особено во второто полувреме, доминиравме. Не ги искористивме шансите што ги имавме. Се надевам дека ќе продолжиме да играме во овој ритам“, рече Гаштаров и додаде:

„Влеговме одлично во натпреварот, но потоа дојде тој гол, можеби паднавме. Излеговме во второто полувреме и докажавме дека сме подобар тим.“

Звезда има уште гостување кај Иберија во Тбилиси, и натпревар дома со Трабзон.

Двата тима сега имаат по пет бода, две кола пред крајот на лигашката фаза.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');