Top Sport

(Видео) Македонија ги загуби шансите за пласман на ЕУРО 2024

Фудбалската репрезентација на Македонија остана без шанси за пласман на Европското првенство. Попладнево во Прага, Македонија доживеа пораз од Украина 2:0.

Македонија одигра добар натпревар но немаше среќа да извлече поволен резултат на стадионот на Спарта.

Во првиот дел двете репрезентации имаа по две шанси. Столе Димитриевски во 12 минута брилијантно го одбрани ударот на Довбик.

Седум минути подоцна капитенот на Македонија излезе како победник и во дуелот со Мудрик.

Украинците поведоа во 30 минута со голот на Судаков. Ударот на Судаков на патот до голот го закачи Серафимов и топката заврши во голот.

Македонија одговори преку Миовски во 36. и Ашковски во 37.минута не успеаја да го совладаат Трубин.
Украина имаше две добри шанси да го реши победникот во вториот дел. На самиот почеток, Довбик лошо шутираше, а потоа ударот на Метвијенко заврши во гредата.

Во овој период од играта Македонија имаше шанса преку Барди.

Украинците победата ја потврдија во 96.минута, кога Караваев го лобуваше истрчаниот Димитриевски.

Македонија остана на седум бода и ги загуби шансите за второто место. Украина е втора со 10 бода и два натпревари повеќе од Италија која има седум поени.

Фото/ ffm.mk

Scroll to Top