Top Sport

(Видео) Македонија ја победи Ерменија

Македонската фудбалска репрезентација ја победи Ерменија со 3:0 (1:0), во пријателски натпревар, одигран попладнево во Струмица.

Три дена по поразот од Украина во Прага, по кој Македонија остана без шанси за пласман на Европското првенство, избраниците на Благоја Милевски одиграат добар натпревар.

Од почетокот го диктираа ритамот, не му дозволија на противникот сериозно да се закани кон голот на Шишоквски, а своите шанси знаеја да ги искористат.

Алими се закани во третата минута, но неговиот удар успеа да го одбрани Чанчаревиќ. Десетина минути подоцна Ерменците се заканија преку Дашијан. Неговиот удар од 25 метри за малку беше непрецизен.

Во финишот на полувремето Елмас му асистираше на Трајковски, а играчот на Хајдук од работ на шеснаесетникот упати прецизен удар и го совлада ерменскиот голман.

Сите дилеми околу победникот ги реши Милан Ристовски. Елмас се избори со ерманската одбрана, стативата го спречи да постигне гол, но одбиената топка ја прифати Ристовски и ја смести во голот.

Конечниот резултат го постави Даци, со првиот гол во дресот на националниот тим. Повторно во главна улога беше Елмас, кој нафрли од левата страна, Харојан лошо реагираше, Даци убаво се снајде и го постави конечниот резултат.

Перфектната изведба на македонските фудбалери ја расипа голот на Спертсјан во 93.минута.

Фото/ ffm.mk

Scroll to Top