Фото/ ffm.mk
Македонската фудбалска репрезентација не успеа со победа да го отвори новиот циклус во Лигата на нации. Попладнево во Торшван, Фарски Острови и Македонија одиграа 1:1 (1:0). Македонија одигра лошо на почетокот и поради тоа не успеа да победи во Торшван.
Во 9.минута игра, Ахмед Иљазовски направи пенал, а Вилјонур Давидсен го отвори резултатот.
Само 10 минути подоцна Дарко Чурлинов имаше голема шанса да го израмни резултатот, го мина голманот, а потоа еден играч на Фарски Острови од гол-линијата успеа да интервенира.
На стартот на вториот дел Македонија доби пенал, капитенот Енис Барди беше сигурен реализатор. До крајот на мечот Чурлинов и Лирим Ќамили имаа шанси но резултатот остана 1:1.
Во вторник, во второто коло Македонија ќе ја пречека Ерменија.