Top Sport

(Видео) Максинален учинок без примен гол на домашните тимови во Конференциската лига

Максималниот учинок, четири победи, без примен гол, на домашните тимови ги одбележа првите натпревари од четвртфиналето на Конференциската лига.

Во првиот натпревар од денот, Рајо Ваљекано го надигра АЕК. Шпанците успеаја да ја искористат првата шанса на натпреварот. На асистенција на одличниот Гарсија, Мароканецот Илијас Акомах постигна гол и најави убедлив триумф. Фудбалерите на Рајо Ваљекано двапати ја погодија мрежата на Стракоша пред паузата. Сепак, беше признат само голот на Унаи Лопез од судиското продолжение. Иси Палазон се погрижи за конечните 3:0 со гол од пенал во 74-та минута.

Натпреварот помеѓу Шахтјор и АЗ Алкмар заврши со ист резултат (3:0).

Дуелот беше решен за десет минути, благодарение на одличните креации на бразилскиот тандем Педрињо – Алисон. Првиот најави голема победа во 72-та минута, со фантастичен гол од 20 метри.

Подеднакво ефикасен беше и голот на Алисон девет минути подоцна. Конечно, во следниот напад, по корнерот на Егиналдо, Алисон го постави конечниот резултат.

Со голот на Сенегалецот Исмаил Сар, во судиското продолжение, Кристал Палас исто така славеше со 3:0 против Фиорентина.

Се чинеше дека англискиот клуб ќе постигне поубедлив триумф, бидејќи преку Матета, од пенал во средината на првото полувреме, и набргу по соло продорот на Тајрик Мичев, стигна до водство од два гола.

Одличен почеток и два гола за осум минути го најавија триумфот на Мајнц во дуелот со Стразбур. Мајнц за осум минути ја обезбеди победата со головите на Сано во 11-та и Пош во 19-та минута.

Реванш натпреварите се закажани за седум дена.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');