Неверојатни сцени на насилство го обележаа крајот на натпреварот од Купот на Боливија помеѓу Блуминг и Реал Оруро. Натпреварот заврши со општа тепачка, полициска интервенција, солзавец и дури 17 црвени картони.
Хаосот следуваше по нерешениот резултат 2:2, со кој Блуминг обезбеди пласман во четвртфиналето, благодарение на победата во првиот натпревар.
Прославата за пласманот во четвртфиналето на играчите на Блуминг набрзо беше прекината бидејќи тензиите експлодираа веднаш по последниот свиреж.
Според боливискиот весник „Ел Потоси“, ѕвездата на Оруро, Себастијан Зебалос, првично бил запрен од противничките играчи, но успеал да се ослободи и да ги нападне другите.
Неговиот соиграч Хулио Вила исто така беше надвор од контрола, делејќи удари што дополнително ги разгореа страстите.
Ниту тренерот на Оруро, Марсело Робледо, не беше посмирен, тој нападнал член на тренерскиот штаб на боливиската репрезентација. Робледо ил хоспитализиран во болница поради повреда на рамото и удар во главата.
Ситуацијата стана толку сериозна што мораа да интервенираат 20 полицајци, кои употребија солзавец за да го контролираат насилството. Тренерот на Блуминг, Маурисио Сорија, им нареди на своите играчи да се повлечат во соблекувалната за да ја смири ситуацијата.
Официјалниот записник од натпреварот го открива обемот на инцидентот: Блуминг заработи седум црвени картони, а Оруро четири. Тренерите на двата тима и нивните помошници добија црвени картони, со што вкупниот број на исклучувања се искачи на 17.
Најмалку шест играчи на Блуминг ќе бидат суспендирани до крајот на натпреварите во Купот.
Фото/ Принтскрин
‼️ Caso total en Bolivia: 17 𝐄𝐗𝐏𝐔𝐋𝐒𝐀𝐃𝐎𝐒 (!) e intervención de la policía
😬 El encuentro entre Real Oruro y Blooming acabó en el caos total en lo que se define desde Bolivia como una "vergüenza nacional" pic.twitter.com/txapvtgwjJ
— Eurosport.es (@Eurosport_ES) November 27, 2025
