Top Sport

(Видео) Маунт со деби за Јунајтед, „ѓаволите“ подобри од Лидс

Манчестер јунајтед, први од премиерлигашите почнаа со летните подготвителни мечеви, откако во Осло, Норвешка со 2:0 го совладаа новиот англиски второлигаш, Лидс јунајтед, во меч кој беше одбележан со дебито на новото засилување од Челси, Мејсон Маунт.

Во комбиниран состав со малку стандардни првотимци (Лисандро Мартинез, Рафа Варан, Арон Ван-Бисака и Џејдон Санчо), на тимот на Ерик Тен Хаг му беа потребни повеќе од еден час да го скршат отпорот на Лидс. Во 67. минута, 20-годишниот напаѓач Ноа Емеран го отвори резултатот, за 19-годишниот Џо Хјуџил во 81. минута да ги постави конечните 2:0.

Scroll to Top