Top Sport

(Видео) Мбуемо со два гола и асистенција го поништи евро-голот на Кејн

Брентфорд игра одлично, а Тотенхем катастрофално во финишот на сезоната. Брентфорд на теренот на Тотенхем победи со 3:1 и дополнително го оддалечи својот противник од местата кои носат пласман во европските купови.

Двата тима добија по едно полувреме. Разликата е таа што Тотенхем, кога доминираше, постигна еден гола, а Брентфорд периодот на својата доминација ја круниса со три гола.

Мечот го обележа прекрасниот гол на Хари Кејн и Брајан Мбуемо, кој со два гола и асистенција беше најдобра играч на теренот.

Домашните поведоа веќе во осмата минута со прекрасниот гол на Хари Кејн по слободен удар и кратко додавање на Дејан Кулушевски.
По првите 45 минути Тотенхем можеше да има и поголема предност, но веднаш штом започна вториот дел Мбеумо израмни (50. минута), а потоа набрзо Камерунецот направи целосен пресврт. Во двете ситуации тој го надмудри дефанзивецот Бен Дејвис.

Покрај двата гола, Мбеумо додаде и асистенција за Жоан Виса во 88. минута за конечни – 1:3. До крајот на натпреварот Тотенхем имаше иницијатива, Ричарлисон ја погоди гредата, но резултатот не се менуваше.

Брентфорд со оваа победа ја направи битката за Европа уште поинтересна. Пред крајот на колото Тотенхем остана на седмото место со 57 бодови, исто колку и Астон Вила со натпревар помалку. Брентфорд е деветти со 56 бодови.

Scroll to Top