Top Sport

(Видео) Мекалистер нема да биде казнет за црвениот картон со Борнмут

Јирген Клоп доби добри вести откако Судиската комисија на ФА ја повлече суспензијата на Алексис Мекалистер за црвениот картон кој го доби на мечот со Борнмут.

24-годишниот Аргентинец доби директен црвен картон за стартот кон Рајан Кристи во 58. минута од мечот, во престрога одлука на судијата, и по жалбата на Ливерпул, тој ќе може да биде дел од тимот кој ќе игра со Њукасл во недела.

„Независната регулаторна комисија ја острани суспензијата од три меча за Алексис Мекалистер поради недоволно докази за црвен картон на мечот со Борнмут во саботата на 19 август“, велат од ФА.

Scroll to Top