Top Sport

(Видео) Мексико го освои Голд купот

Фудбалската репрезентација на Мексико ја освои титулата на Голд купот. Во финалето, во Калифорнија, пред 70.000 навивачи, Мексико со 1:0 ја победи Панама. Мексико по две години се врати на тронот во КОНКАКАФ зоната, а вкупно деветти пат го освои Голд купот.

Победата на Мексико во финалето му ја донесе „златната измена“, Сантијаго Хименез. Напаѓачот на Феенорд на теренот влезе во 84. минута, а четири минути подцна го постигна единствениот гол.

Панама трет пат играше во финалето и повторно не успеа да дојде до титулата. Во претходните две финалиња Панамците губеа од САД.

Финалето го обележа и 38. годишниот голман на Мексико, Гиљермо Очоа. Тој стана фудбалер со најмногу натпревари во историјата на Голд купот (26) и прв кој пет пати го освоил ова натпреварување.

Scroll to Top