Ко-домаќинот на СП во фудбал, репрезентацијата на Мексико, прва избори пласман во нокаут фазата. Мексико, во второто коло, во А групата, ја победи Јужна Кореја со 1:0. Мексиканците имаат шест бода, три повеќе од Кореја, додека Чешка и Јужна Африка досега освоија по еден бод. Во исто време, Канада се доближи до нокаут фазата, откако го декласира Катар со 6:0.
Мексиканците го искористија подарокот од голманот Сеунг-Гју Ким и со голот на Луис Ромо во 50-та минута забележаа победа достојна за првото место во групата А.
Канада ја забележа првата победа во историјата на светските првенства. Убедливо го победи Катар со 6:0. Катар мечот го заврши со двајца играчи помалку. Мечот го обележа тешката повреда на Коне во раната фаза од второто полувреме.
Џонатан Дејвид постигна хет-трик, додека Кајл Ларин и Натан Салиба, постигнаа по еден гол, заедно со автоголот на Мохамед Манаи.
Хомам Ахмед беше првиот играч кој беше исклучен, уште во првото полувреме, кога Канада имаше водство 2:0. Асим Мадибо беше исклучен поради прекршокот врз Коне. Додека го изнесуваа од теренот на носилки, Коне им даде палец на навивачите.
Foto/ EPA
