Top Sport

(ВИДЕО) Меси даде два нови гола за Интер Мајами и постави нов рекорд

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси ја покажува својата магија и во САД. Во првиот меч како стартер и капитен на Интер Мајами, тој постигна два гола и го предводеше својот тим до триумф од 4:0 против Атланта во Лига купот на Северна и Централна Америка.

Аргентинецот првиот гол го постигна во осмата минута, а потоа уште еднаш погоди во 22.минута.

Со овие голови Меси постави уште еден рекорд. Тој постигна голови против сто различни клуба во сениорската кариера.

Scroll to Top