Top Sport

(Видео) Меси го фати Родриго за врат: Не сме кукавици, ние сме светски шампиони

Лионел Меси, капитенот на Аргентина, го повлече тимот од теренот на „Маракана“, пред почетокот на натореварот со Бразил, бидејќи бразилската полиција примени прекумерна сила врз аргентинските фанови на трибините.

Пред да го повлече тимот од теренот, Меси со соиграчите дојдоа покрај оградата на трибините и жестоко протестираа до полицијата да го запре насилството врз нивните сонародници, а Емилијано Мартинез ги нападна со тупаници.

Кога ситуацијата на трибините се смири, Аргентинците се вратија на теренот. Почетокот на натпреварот доцнеше 30 минути.

Аргентинскиот телевизиски канал „TyCSports“, тврди дека камерите го фатиле Родриго како го пречекува Меси на теренот со зборовите „Кукавица!“, секако мислејќи на фактот дека тој претходно ги повлекол играчите од теренот.

Меси не му остана должен на 14 години поладиот Ридриги, го фати за вратот и му рекол: „Кукавици? Не, ние сме светски шампиони. Внимавајте што зборувате“.

Аргентина на крајот победи со 1:0 и со тоа му го нанесе на очајниот Бразил третиот пораз во актуелните квалификации. Ова е прв пораз на Бразил во квалификациски меч на домашен терен уште од 1954 година.

Scroll to Top