Top Sport

(Видео) Меси и Лаутаро за рутинска победа на Аргентина во Ангола

Аргентинската фудбалска репрезентација ја победи Ангола со 2:0, како гостин, во пријателски натпревар одигран на стадионот „11 Ноември“ во Луанда.

Централна фигура на натпреварот беше Лео Меси, кој беше пречекан од домашните навивачи како божество или барем како национален херој.

Меси се најде во почетниот состав диктиран од неговиот имењак Скалони, како и повеќето од најдобрите играчи на Аргентина, па публиката можеше да ги види светските шампиони во акција во речиси најсилниот состав.

Меси и Лаутаро беа главни протагонисти во триумфот, со по асистенција и гол.

Гостите поведоа во 43-та минута кога Меси го проигра Лаутаро, кој со удар од првиот допир ја погоди мрежата на Ангола.

Во продолжението, Аргентинците ја контролираа ситуацијата на теренот, а победата ја запечатија во 82-та минута кога Мартинез му се реваншира на Меси, несебично го проигра, а тој рутински го дуплираше водството на „гаучосите“.

Меси го постигна 895-от гол во кариерата.

Пред натпреварот, славниот Аргентинец доби посебен подарок од претседателот на Ангола по повод педесетгодишнината од независноста на оваа африканска земја од Португалија, а централниот дел од прославата беше токму натпреварот против светските шампиони.

Аргентина од овој натпревар заработи 12 милиони евра.

Scroll to Top